Новогодишни чајни колачиња

Новата година е на прагот, па токму затоа Ви предлагаме на новогодишната трпеза да ги имате овие превкусни чајно колачиња со божиќен декор.

Во продолжение Ви нудиме неколку идеи за декорација:

SLIKA-2

Потребни состојки:

150 гр брашно

1 јајце

50 гр путер

50 гр шеќер

1 прашок за пециво

Рендана кора од 1 лимон

Начин на подготовка:

На работната маса се истура брашното и со рацете се прави мала дупка каде треба да се истури јајцето, путерот и кората од лимон. Сето тоа се меси. При месењето се додава и прашоко за пециво.

Тестото се витка во стреч фолија и се остава да се олади во фрижидер 1 час.

Оладеното тесто се расукува и со калапи во разни новогодишни форми се прават мали колачиња.

Колачињата се редат во плех и се печат 20 минути во претходно загреана рерна на 180°С.

Откако ќе се испечат, спремни се за декорирање.

SLIKA-3

Потребни состојки за декорација:

1 белка од јајце

125 гр шеќер во прав

1 кафена лажица сок до лимон

Прехранбена боја

Начин на подготовка:

Во длабок сад, со миксер се матат белката од јајце и сокот од лимон и потоа постепено се додава шеќерот во прав.

Смесата се дели подеднакво во 3 различни садови и во секој од нив се додава различна прехранбена боја по избор. Смесата се става во специјален шприц или пак, можете да се послужите со кесички за длабоко замрзнување со што ќе го исечете врвот за да може да излегува течноста, а со тоа и да боите по колачето. Можете да се послужите и со чепкалка за заби за рамномерно распространување на бојата.

Сервирајте во декоративна чинија.

SLIKA-4

slika-5

 

Е.С.

 

photo1/ village-bakery.com

photos/ broadwaymarket.org, pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.