Торта од шпагети

Доколку Ви се здодеа да јадете шпагети кои стандардно секогаш си ги подготвувате, Ви предлагаме да си подготвите овој пат торта од шпагети.

pinterest.com
pinterest.com

Потребни состојки:

250 гр шпагети

3 јајца

100 гр павлака

½ праз

200 гр спанаќ

200 гр сирење

200 гр шунка

Масло

Сол

Начин на подготовка:

Најпрво се варат шпагетите.

Спанаќот и празот се пропржуваат во тавче со малку масло.

Во посебен сад се става павлаката, дробеното сирење, јајцата и шунката и се меша. Се додаваат шпагетите и пропржениот спанаќ и праз. Повторно добро се промешува и смесата се става во тавче да се пече. Смесата треба убаво да се израмни во тавчето.

Се пече на 200° од 35 до 40 минути.

Откако ќе се испечат, шпагетите се оставаат малку да се оладат во калапот, а потоа се сервираат.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ aspicyperspective.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.