GINGERBREAD SMOOTHIE

Доколку немате време да си ги подготвите вкусните новогодишни колачиња со ѓумбир, а сакате да го задоволите вкусот и апетитот, тогаш време е да си подготвите smoothie налик на овие колачиња.

kitchenstories.io
kitchenstories.io

Потребни состојки:

2 шолји бадемово млеко

1 замрзната банана

1 супена лажица путер од бадеми

1 супена лажица јаворов сируп

1 супена лажица мед

½ супена лажица цимет

½ супена лажица свеж ѓумбир

½ супена лажица ѓумбир во прав

pinterest.com
pinterest.com

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете го во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и можете да декорирате со дробено колаче од ѓумбир доколку го имате.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ movenourishbelieve.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.