Книга на неделата: Во мракот

Во мракот

Автор: Карин Фосум

Ева Магнус и нејзината ќерка се шетаат покрај реката, кога на површината ќе исплива машки труп. Ева ја остава ќеркичката и истрчува да телефонира во полиција. Но, кога ќе ја земе слушалката, ќе сврти на сосема друго место.

Полицијата сепак го пронаоѓа трупот. Инспекторот Сејер и неговиот тим веднаш откриваат дека Егил умрел од насилна смрт. Но бил исчезнат со месеци и трагата на неговиот убиец полека, но сигурно остинала. Овој случај е збунувачки како уште еден нерешен случај на бирото на Сејер: убиството на проститутка пронајдена мртва неколку дена пред да исчезне Егил. Не поминува долго време пред Сејер да сфати дека овие два случаи не се толку неповрзани колку што претходно се чинеле. Додека тој се обидува да ги состави деловите од мозаикот, на Ева ѝ ѕвони телефонот доцна во ноќта. Туѓинецот зборува, а потоа го прекинува повикот. Ева останува сама во мракот.    

 SLIKA-2--2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745
www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.