Овошно smoothie со додаден црн сусам и кокос

Доколку имате желба да пробате малку поинакво smoothie, топло Ви го препорачуваме ова smoothie со црн сусам и кокос. Со него можете да ги започнете новогодишните утра.

scalingbackblog.com
scalingbackblog.com

Потребни состојки:

1 ½ бадемово млеко

1 замрзната банана

½ шолја мелен црн сусам

¼ шолја кокос

Прстофат сол

1 супена лажица јаворов сируп (по желба)

creativemarket.com
creativemarket.com

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со кокос или црн сусам.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ thegreenlife.ca

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.