Новогодишни бастунчиња од тесто

Црвено белите лижавчиња во форма на бастуни, особено се актуелни во декември. Но, зошто да не подготвите вакви бастуни од тесто? Можете да направите еден голем или повеќе мали бастуни.

3yummytummies.com
3yummytummies.com

Потребни состојки:

Тесто сечено на триаголници

100 гр растопено крем сирење

1/3 шолја шеќер

1 јајце

2 шолји џем од јагоди или цреши

Глазура:

½ шолја шеќер во прав

1 ½ супена лажица млеко

3yummytummies.com
3yummytummies.com
3yummytummies.com
3yummytummies.com

Слика 5: https://www.pinterest.com

Начин на подготовка:

Во тавче за печење се става хартија за печење, а потоа се редат триаголниците тесто во вид на бастун и нежно се притискаат да се залепат едни со други.

Во длабок сад се мешаат крем сирењето, шеќерот и јајцето. Со добиената смеса се премачкува тестото. Внимавајте да остане уште од смесата за подоцна.

Врз смесата од крем сирење се нанесува џемот. Убаво се размачкува, освен врз врвовите од триаголниците. Потоа, врвовите од триаголниците се преклопуваат врз џемот.

Се става да се пече во претходно загреана рерна на 200° Ц околу 20 минути.

Подготовка на глазура:

Во длабок сад заедно се мешаат шеќерот во прав и млекото. Доколку смесата е многу густа, можете да додадете уште малку млеко.

Со помош на лажица, веќе печеното тесто се прелева со глазура.

pinterest.com
pinterest.com

 

Е.С.

 

photo1/ pillsbury.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.