„Бекомберја“ – ода за моето семејство

Бекомберја – ода за моето семејство

Автор: Сара Стридсберг

Романот „Бекомберја – ода за моето семејство“ е базиран на детските спомени на авторката од времето на нејзините посети на најголемата душевна болница во Шведска.

Во средиштето на дејството се наоѓаат Џеки и нејзиниот татко, Џими Дарлинг. Тој со леснотија ги засмејува луѓето, иако во исто време негува чудна пасија кон смртта. Кога мајка ѝ Лоне ќе отпатува кон Црното Море, душевната болница во која престојува татко ѝ се претвора во единствениот постоен свет за Џеки.

Од различните мигови и зони на сонување и стварност постепено се гради тажна и восхитувачка приказна. „Бекомберја“ станува искривен некролог на државата на социјалната сигурност, раскажан со заносен јазик. Сара Стридсберг со широко отворени очи ги рехабилитира загрозените и замолкнатите.

„Бекомберја – ода за моето семејство“ е добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2015 година. Истата година романот ја доживеа и својата театарска поставка.

SLIKA-2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745
www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

 

Купете online

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.