Книга на неделата: „Скршнување“

Скршнување

Автор: Гербранд Бакер

Вели дека се вика Емили, но тоа не е нејзиното вистинско име. Го позајмила од поетесата Емили Дикинсон, чија книга поезија е едно од ретките нешта што ги понела со себе бегајќи во дивите предели на Велс. Нејзиниот стар дом е во Амстердам, но го напуштила откако признала дека е во вонбрачна врска со студент и добила отказ од работа. На фармата каде што доаѓа наоѓа десет гуски. Една по една, тие исчезнуваат.

Навистина, која е оваа средовечна жена? Дали нејзиниот сопруг ќе успее да ја најде? А момчето што останува да преспие на имотот: зошто не сака да си замине? И зошто гуските исчезнуваат?

Сместен во прекрасните велшки пејзажи, „Скршнување“ е приказна за потрагата по себе и за природата на болката. Романот на Бакер освојува со својата заводлива атмосфера на осаменост и закана и со приказната полна со искрено сочувство и со ретка убавина. Кристалната прецизност и привидната едноставност на ова дело од еден од најзначајните европски писатели на својата генерација кријат гејзир од силни емоции.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745
www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

 

Купете online

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.