„Smoothie“ со круши, моркови и бадеми

Мешањето на овошје со зеленчук честопати е лоша комбинација, бидејќи не секое овошје одговара со било кој зеленчук. Токму затоа, Ви го претставуваме ова smoothie. Одлична комбинација на круша со морков и млеко од бадеми.

passionaltelyraw.blogspot.mk
passionaltelyraw.blogspot.mk

Потребни состојки:

2 моркови

3 круши

1 шолја бадемово млеко

1 супена лажица дробени бадеми

1 супена лажица мед

Прстофат сол

3-4 коцки мраз

thealmondeater.com
thealmondeater.com

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со дробени бадеми.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ archanaskitchen.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.