Полнети црвени домати

Овие црвени домати полнети со месо и кашкавал може да се најдат на трпезата за денешната вечера.

delish.com
delish.com

Потребни состојки:

4 големи домати

½ кг кобасици без лушпа или мелено месо

¾ шолја лебни трошки

100 гр кашкавал

1 супена лажица маслиново масло

1 шака сецкан кромид

1 чешне сецкан лук

½ супена лажица сецкан свеж босилек

2 супени лажици пармезан

Сол и бибер

thenovicechefblog.com
thenovicechefblog.com

Начин на подготовка:

Најпрво рерната се загрева на 220°Ц.

Четирите домати се мијат, се длабат и се превртуваат врз впивлива хартија, да се исцеди сокот.

Во длабоко тавче, се става маслиновото масло и се загрева на средна температура. Се додаваат лукот и кромидот и се пропржуваат 2 минути. Во истото тавче се додаваат кобасиците сецкани на коцки и се пржат околу 8 минути.

Тавчето се трга од оган и се додаваат лебните трошки, пармезанот, босилекот, 80 гр кашкавал сецкан на коцки, солта и биберот.

Со оваа смеса, доматите се полнат до горе. Останатите 20 гр кашкавал, се ренда и се става на врвот на доматите.

Вака наполнетите домати се ставаат во тавче за печење од 15 до 20 минути.

Откако ќе се испечат, се оставаат да се оладат околу 5 минути и се сервираат. По желба можат да се зачинат со малку сецкан магданос.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ viva.co.nz

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.