Причини за употреба на арганово масло на лице

Аргановото масло, всушност може да се нарече и течно злато, бидејќи одлично е за здравјето на кожата на лицето, но и за целото тело. Ви нудиме 4 причини поради кои уште веднаш треба да започнете со негова употреба:

Супер храна за лицето. Поради тоа што е богато со витамин Е, линолна киселина, есенцијални омега масни киселини и антиоксиданси, аргановото масло претставува супер храна за кожата на лицето, особено доколку кожата Ви е склона кон создавање акни. Со негова употреба можете да ги отстраните мртвите и оштетени клетки од кожата, притоа овозможувајќи ѝ хидратација. Најдоброто од сè е што аргановото масло не остава масни траги на лицето.

ca.news.yahoo.com
ca.news.yahoo.com

Заштита од стареење на кожата. Поради тоа што изобилува со витамин Е, аргановото масло е најпопуларно меѓу сите anti-age масла. Антиоксидансите кои ги содржи спречуваат оксидативно оштетување на кожата од слободните радикали и УВ зрачењата. Ја подобрува еластичноста на кожата и ја намалува појавата на видливи брчки на лицето.

Балансирано природно излачување на себум. Најважно е што ниедна доза на нанесување нема да ѝ штети на кожата ниту на лицето, ниту на целото тело. Доколку имате сува кожа, Ви препорачуваме употреба на аргановото масло минимум 2 пати во текот на денот.

Хидратант. Аргановото масло е одличен хидратант на кожата, па токму затоа можете да го нанесувате и како подлога на шминката или едноставно, како дневна крема за лицето. Исто така, можете да го употребувате и како ноќна крема, веднаш по миењето на лицето, додека тоа е сеуште влажно.

 

Е.С.

 

photo1/ arganoilforhair.org

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.