„Smoothie“ со макадамија, ореви и манго

Ова smoothie е одлично за појадок, бидејќи во исто време ќе Ви даде енергија и ќе Ве нахрани. Има различни варијации на smoothie со манго и ореви, но оваа комбинација со макадамија ореви е полн погодок.

currygirlskitchen.com
currygirlskitchen.com

Потребни состојки:

500 гр замрзнато исецкано манго

100 гр свежи макадамија ореви

50 гр кокосово масло

700 – 800 гр кокосова вода/обична вода

1 авокадо

1 лајм – свежо цеден

¼ кафена лажица ванила во прав

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со дробена макадамија.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ kaleandthekettlebell.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.