Круши во црвено вино

За ладните вечери, Ви предлагаме да си подготвите вкусен и топол десерт.

urban-radish.com
urban-radish.com

Потребни состојки:

1 дцл црвено вино

1 дцл вода

Компот од круши

4 супени лажици шеќер

1 кафена лажица густин

diedamhuis.co.zа
diedamhuis.co.zа

Начин на подготовка:

Крушите се вадат од претходно подготвениот компот и се ставаат во тенџере заедно со 1 дцл сок од компотот. Се додава црвеното вино и шеќерот и се остава да се вари.

Во посебен сад се меша густинот и водата.

Кога ќе почнат да вријат крушите, се додава густинот и се меша уште 2 минути, додека смесата не се згусне.

Се сервира топло во десертна чинија.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ vinissimocolimablog.tumblr.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.