Најголемите митови за брадата кај мажите

Не би сакале да живеете со митовите за брадата додека ја растете. Токму затоа, Ви ги соопштуваме најголемите митови за брадата:

Сите девојки сакаат брада. Всушност, не сите девојки сакаат брада. Некои девојки едноставно, брадата не ја сметаат за привлечна и сакаат партнерот да има чисто и мазно лице, но некои ги привлекува и не им пречи тоа што таа боцка.

2

На интервјуто за работа не треба да имате брада. Тоа покажува дека всушност посветувате внимание на себе и на Вашата лична хигиена. Но, и добро обликуваната и негувана брада значи сосема исто.

Брадата треба да изгледа комплетна после 3 недели растење.  Всушност, после 3 недели, брадата воопшто не е комплетна. Тоа е сосем краток период. Вистинскиот период за комплетно израсната брада е 2 до 3 месеци, а кај некои мажи може да трае и подолго.

До 20тата година сите влакна на брадата ќе пораснат. Всушност брадата расте и се оформува и во подоцнежните години. Кај некои тоа може да се случи и во 30тите години, 40тите, па дури и во 50тите години од животниот век.

Брадата држи топлина во лето. Наизглед можеби делува дека брадата држи топлина и прави да Ви е уште потопло во летниот период, но всушност брадата делува како „изолација“. Ве штити од топлината, од сончевите зраци и горењето на лицето.

3

Само црната брада изгледа убаво. Точно е дека црната брада изгледа убаво, но исто толку убаво може да изгледа и брадата на русокосите мажи. Единствено, тие мора да ја пуштат брадата малку подолга за да дојде до израз поради лицето.

Не можеш да израснеш убава брада со празнините на образите. Има мажи кои имаат нецелосна брада, односно дел од образите им се голи или пак, брадата на некои  места е поретка. Но, сепак со овие „недостатоци“ можете да израснете убава брада. По 2-3 месеца континуирано растење, брадата може да добие убав изглед, а со тоа и пополнување на проретчените места.

Дивата и виткана брада изгледа непривлечно. Ваквата брада може да изгледа непривлечно само доколку не е убаво обликувана и потстрижена. Но, нема ништо лошо кај витканиот изглед на брадата. Освен тоа, во секој момент можете и да ја исправите со преса за коса на пример.

Брадата е валкана и полна бактерии. Овој мит до некаде е точен, секако доколку не ја миете брадата. Но, исто така и косата на главата доколку не ја миете ќе биде валкана и полна со бактерии. Според тоа, сè додека ја миете и добро ја одржувате брадата Вие ќе изгледате одлично.

 

Е.С.

 

photos/ beardoholic.com, pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.