Книга на неделата: Љубов низ солзи

Љубов низ солзи

Автор: Вера Лилчиќ

Животот на едно мало дете ќе згасне во сообраќајна несреќа поради невниманието на неговите родители, кои своите конфликти и расправии секогаш ќе ги ставаат пред својот син. Некаде во истиот град, една млада самохрана мајка ќе се бори да излезе накрај меѓу обврските што ги има работејќи како келнерка и желбата своето дете да го израсне во љубов и грижа. Во исто време, една осумнаесетгодишна девојка, отфрлена од семејството и од околината, ќе го остави своето тукушто родено бебе на клупа во паркот и ќе си го одземе животот. Сите овие трагични приказни ќе ги поврзе една голема љубов, нов зрак надеж во суровата игра на судбината.

Романот „Љубов низ солзи“ зборува за храброста на жените, за безрезервната љубов на мајките, за важноста на поддршката и разбирањето во рамките на семејството.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745
www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.