Модни комбинации со чизми над колена-галерија

Чизмите над колена се вистински хит веќе трета година по ред. Но, треба да внимавате како ги комбинирате со облеката.

Комбинација со кратко фустанче или сукња. Всушност, фустанчето или сукњата никогаш не треба да бидат премногу кратки. Нозете треба да бидат голи од 3 до 5см. Горниот дел на телото секогаш треба да биде целосно покриен. Можете да облечете фустан со долги ракава или пак, доколку носите фустан со кратки ракави, можете да облечете некоја наметка или капут.

Комбинација со фармерки. Фармерките или панталоните со тесни ногавици се најсоодветни за овие чизми, без разлика на текстурата, материјалот или дебелината. Никако не смеете да ги комбинирате широките фармерки со нив.

Комбинација со плетен џемпер. Ваквите чизми се одлични за комбинирање со плетени џемпери, особено оние кои се широки и во долниот дел.

Комбинација со долг капут. Кратката сукња секогаш можете да ја искомбинирате со многу долго палто или наметка. Истото можете да го направите и доколку облечете фармерки.

 

Е.С.

photos/pinterest.com, wheretoget.it, closetfulofclothes.com, thefashiontag.com, wearwherewell.com, chictopia.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.