„Smoothie“ со авокадо и урми

За ова smoothie сигурни сме дека исклучиво ќе Ви биде потребна лажица за јадење, бидејќи е доста густо и кремасто. Го препорачуваме за појадок.

2-2

Потребни состојки:

1 шолја кокосово млеко

1 банана

3 урми

½  големо авокадо

1 кафена лажица екстракт од ванила

3-4 коцки мраз

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во чаша или длабок сад и декорирајте со кокос или рендано црно чоколадо.

На здравје!

 

Е.С.

 

Photos/ savorylotus.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.