Обожавате банани – тоа е супер, бидејќи…

Зошто е добро редовно/секојдневно да се јадат банани?

  • Тие се гориво за организмот – придонесуваат за подигнување на енергијата
  • Го зајакнуваат имунитетот, го негуваат нервниот систем благодарение на витаминот Б6
  • Богати се со магнезиум кој помага при врзување на калциумот во коските, им дава цврстина на коските, помага при болката во мускулите на тој начин што ги опушта. Покрај тоа, има значајна улога и во нормалното функционирање на кардиоваскуларниот систем.
  • Помагаат при справувањето со високиот крвен притисок и срцевите заболувања благодарение на богатото количество калиум.
  • Богати се со растителни влакна кои помагаат во нормалното функционирање на системот за варење, го намалуваат ризикот од дебеење и го нормализираат нивото на шеќерот во крвта.
  • Помагаат во борбата со слабокрвност благодарение на железото.
  • Нискокалорични се а многу вкусни.
  • ,,Практично’’ овошје се, што значи дека не ви треба посебен прибор или миење па поради тоа може да ги понесете со себе како ужина каде и да одите.

 

*Наш предлог за Smoothie со банана:

Сѐ што ви е потребно е микс од банана, јаболко, замрзнато шумско овошје кое дава дополнително освежување, а останатите декорации се по ваша желба. Едноставно, брзо, а вкусно…
На здравје! :-)

 

Ц.Б.