Серуми за нега на лице и нивна употреба

Серумот за лице е концентриран производ наменет за борба против одреден проблем со кожата.

За разлика од кремата за лице, серумот содржи многу поактивни состојки, а бројот на помошни супстанци е во помал процент. Структурата е доста поводеста за разлика од кремата, со цел подлабоко да продре во кожата.

femina.in
femina.in

Како се употребува?

Серумите се паковани во стаклени шишенца, со пипета или пумпица, поради прецизно дозирање.

Се нанесува два пати во текот на денот, наутро и навечер, на претходно исчистена и сува кожа. На лицето се нанесуваат само неколку капки и убаво се размачкува на целата површина. Поради течната структура, на кожата ѝ е потребна само 1 минута да го впие серумот. Доколку имате повеќе време на располагање, оставете го серумот на кожата цели 20 минути, за таа да има можност целосно да ги впие активните состојки.

Како да го одберете вистинскиот серум за Вас?

Серумот можете да го одберете според Вашите години и негата на кожата на која ѝ е потребна во таа доба. А, според тоа, серумите можат да се поделат во следниве групи:

pinterest.com
pinterest.com

Anti-age серуми. Наменете се за минимизирање на знаците на стареењето. Најчести активни состојки во овие серуми се: еластин – ја враќа еластичноста на кожата; ретинол – дериват на витаминот А; церамиди – на кожата ѝ дава дополнителна маснотија, бидејќи со текот на стареењето, лачењето на природната маснотија се намалува; колаген. Најдобро е овие серуми да ги употребувате во комбинација со anti-age крема за лице. По навршување на 30тата година од животот, веќе ваквите серуми треба да почнете да ги употребувате

Серуми со AHA и BHA киселини (млечна, салицилна и гликолна). Овие серуми се наменети за кожа со затворени пори, односно за масна кожа, која лачи премногу себум. Овие серуми помагаат при уништување и отстранување на мртвите клетки и наталожениот себум од кожата. Важно е да знаете дека по употреба на ваквите серуми, важно е на лицето да нанесете крема со заштитен фактор, бидејќи киселината ја прави кожата осетлива на сонце.

Сеуми со витамин Ц. Овој вид на серуми наменет е за сива и уморна кожа, без сјај. Овозможуваат враќање на сјајот на кожата и ја штитат од слободните радикали. Одлична е за пушачите.

Серуми за хидратација. Овој вид на серуми е погоден за сите типови кожа, бидејќи за секоја од нив најважна е хидратацијата. Исто така, не постои граница на години за започнување на нивната употреба.може да ја употребува секој, во секое животно доба.

 

Е.С.

 

photo1/ lionessegem.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.