„Smoothie“ со бисквити

Вообичаено секое smoothie содржи поголемо количество на овошје или зеленчук, но овој пат, Ви претставуваме малку поинакво smoothie кое е одлично за појадок и убав старт на денот. И има препознатлив вкус на милкшејк.

chocolatewithgrace.com
chocolatewithgrace.com

Потребни состојки:

1 шолја млеко

1 замрзната банана

½ шолја издробени бисквити

1 супена лажица путер од кикирики

2 супени лажици агава сируп

4 коцки мраз

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во две чаши и декорирајте со дробени бисквити. По желба, може да додадете и малку шлаг за декорација.

3j

На здравје!

 

Е.С.

photo1/ katiescucina.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.