Благи кифлички со ореви

Овие кифлички се одлични кога ќе сакате да каснете нешто благо. Освен тоа, колку подолго стојат, толку се сè поубави. Ќе се воодушевите уште при првото залче.

cafenilson.com
cafenilson.com

Потребни состојки:

 За тесто:

250 гр путер

1 шолја од 180 мл шеќер во прав

1 шолја масло

900 гр брашно

1 јајце

1 шолја кисела павлака

1 кесичка прашок за пециво

За фил:

150 гр крупно мелени ореви

150 гр шеќер

3 супени лажици цимет

Начин на подготовка:

Најпрво се мати путерот со шеќерот во прав. Потоа се додава маслото, јајцето, киселата павлака, брашното и прашокот за пециво. Тестото се замесува и се остава да отстои во фрижидер околу 1 час.

Состојките за филот се ставаат во длабок сад и добро се промешуваат, а потоа смесата се дели на 4 дела.

Отстоеното тесто се вади од фрижидерот и исто така се дели на 4 дела.

Половина од веќе поделената ¼ од смесата со ореви се истура на работната површина. Еден дел од тестото се расукува врз смесата од ореви во круг со пречник од 50 см. Потоа, одозгора се посипува другата половина од смесата со ореви. Кругот се расекува на 16 еднакви триаголници. Секој триаголник се замотува во кифличка.

Истата постапка се повторуваи со останатите 3 дела.

Кифличките се ставаат во тавче за печење претходно обложено со хартија за печење. Се печат на 180° Ц, околу 15 минути.

По желба, можат да се напрскаат со шеќер во прав откако ќе се сервираат во чинија.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ ahealthylifeforme.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.