„Цветни ноти“ во домот

„Расцветано во домот“ обично нè потсетува на оние цветни тапети кои беа „ин“ пред педесетина години. Но, Ви нудиме неколку совети како цветовите да бидат главните детали во домот, а притоа тоа да изгледа елегантно, модерно и во стил. И запомнете едно правило: Помалку е повеќе.

Единствени цветни мотиви. Доколку собата ја „натрупате“ со низа цветни мотиви кои не одговараат едни со други, односно има судир на повеќе бои и форми, можете да создадете хаос во таа соба. Оваа шема на уредување може да предизвика вистинска главоболка додека престојувате во собата. Затоа, одберете единствени цветни мотиви, кои се компатибилни.

2-2

3-3

Зеленило наместо цветови. Доколку цветните дезени Ви се премногу „кич“, одберете зеленило. На пазарот можете да најдете голем избор на тапети со зелени листови. Но, внимавајте да не ја излепите целата соба со ваквите тапети, затоа што веќе го знаеме правилото. Одберете еден ѕид или еден/неколку столбови на кои ќе ги залепите тапетите.

Друга опција е домот да го декорирате со повеќе саксии со цвеќе, на пример кактуси или зелени собни растенија без цветови.

 

5-5

Акцент на цвеќињата. Акцентот на цвеќињата не морате да го постигнете само со залепени тапети. Истото можете да го постигнете и со поставување на саксии со цвеќе низ домот. Најпрво, треба да ја изберете собата со неутрални бои за да му дадете акцент на цвеќето. Доколку изберете соба со разни бои, тонови или дезени, цвеќето ќе се изгуби во просторот и воопшто нема да биде приметно, а нејмалку пак, ќе постигнете негов акцент. На пример, тоалетот може да биде совршено место за постигнување на овој резултат. Исто така, одберете цвеќе кое е невообичаено и несекојдневно, некое кое ќе ги примами погледите. Во ниту еден случај не го декорирајте домот со вештачко цвеќе.

6-6

Цветни тапети. Кај цветните тапети е најзначајно правилото – помалку е повеќе. Значи, можете да одберете дури и драматички тапети кои ќе го задржат вниманието, но, внимавајте тапетите да бидат залепени само на еден ѕид или на еден или повеќе столбови. Во никој случај не ја излепувајте целата соба со ваквите тапети.

Цвеќиња на плафонот. Зошто секогаш мора работите да се оставаат долу, кога понекогаш можат да бидат и горе? Декорирајте го плафонот со висечки цвеќиња. Но, внимавајте, домот треба да има доволна висина за да можете да ги закачите на плафонот. Доколку имате низок плафон, секогаш цвеќињата ќе можете да ги закачите на ѕидот.

4-4

 

Е.С.

 

photos/ feathr.com, pinterest.com, nyde.co.uk, mydailymagazine.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.