Кремаста супа од моркови и ѓумбир

За време на ручекот, како предјадење можете да си подготвите вкусна кремаста супа од моркови и ѓумбир, која е лесна е за подготовка.

taste.com.au
taste.com.au

Потребни состојки:

2 л вода

1 ½ кг моркови сецкани на парчиња

1 кромид сецкан на парчиња

3 чешниња лук сецкани на парчиња

2 супени лажици рендан ѓумбир

2 супени лажици маслиново масло

Рендана кора и сок од ½ портокал

Сол и бибер

Јогурт

Кориандер или магданос за декорација

mattersofthebelly.com
mattersofthebelly.com

Начин на подготовка:

Во тенџере се става маслиновото масло да се загрее, а потоа се додава кромидот. Се пропржува додека не омекне. Се додава лукот и 1 ½ ѓумбир и се пржи уште 2 минути.

Се додава водата, морковите и кората од портокал. Состојките се варат во водата додека не зоврие, а потоа се намалува температурата и се остава тенџерето на оган околу половина час, додека целосно не омекнат морковите.

Потоа се додава сокот од портокал и преостанатиот ѓумбир. Супата се блендира и се додава сол и бибер.

Супата се сервира во длабоки чинии, се додава малку јогурт и ливчиња коријандер.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ garnishwithlemon.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.