Знаци кои покажуваат дека Ви треба нова пудра

Целта на нанесувањето пудра е покривање на недостатоците и мааните на кожата и разубавување на лицето.

Доколку таа не ги исполнува своите основни задачи, но и други споредни, тоа е знак дека Ви треба нова пудра. Еве кои се знаците:

Дополнително создавање на акни. Ако и во подоцнежните години сеуште Ви се појавуваат акни и мозолчиња, тоа може да значи и дека пудрата која ја употребувате ѝ пречи на Вашата кожа. Купете си сосема нова пудра, можеби тоа ќе биде решението.

Чувствувате пецкање. Пудрата всушност воопшто не треба да ја чувствувате на лицето. Доколку таа Ви создава пецкање, чешање или црвенило, веднаш фрлете ја во ѓубре и секако набавете си нова.

2-2

Изгледате како да имате маска на лицето. Пудрата треба да биде неприметна, а не да изгледа како да носите маска на лицето. Тоа сигурно не Ве прави поубави. Во овој случај или пудрата е со премногу густа текстура, или пак, неправилно ја нанесувате. Купете пудра со полесна формула или започнете со употреба на ВВ крема.

Не ги покрива неправилностите на лицето. Доколку нанесената пудра не ги покрива акните и мозолчињата или пак, не ги покрива проширените пори на лицето, време е да си најдете пудра со погуста структура, а не да нанесувате неколку слоеви.

Пудрата не е со иста боја како вратот. Доколку пудрата не одговара со бојата на вратот, тоа е огромен знак дека таквата пудра не Ви одговара. Всушност, Вие кога ќе ја нанесете ваквата пудра, главата ви изгледа како да Ви е откината од вратот. Веднаш купете нова нијанса на пудра.

Поминат рок. Зошто да нанесуваме нешто со поминат рок на најосетливиот дел од кожата – лицето? Тоа дополнително само може да ѝ наштети на кожата.

Имате само една нијанса на пудра. Во текот на летниот период, секако мора да нанесувате пудра која е со потемна нијанса од онаа која ја нанесувате во зима. Една иста нијанса не може да одговара на тенот кој го имате и во лето и во зима, дури и да не се сончате во текот на летото. Значи, имајте барем две пудри со две различни нијанси, потемна и посветла.

 

Е.С.

 

photos/pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.