Скандинавска „тајна“ за визуелно поголем дом

Добро уредениот и удобен дом е одличен извор на среќа. Бидејќи секој сака да знае некоја веќе добро чувана тајна, Ви ја споделуваме оваа за дизајн и уредување на домот во скандинавските држави, за тоа како визуелно да имате поголем дом. Таму, домовите се уредуваат истовремено и стилски и функционално.

2-2-2

Први на списокот се неутралните бои. Мебелот и ѕидовите нека бидат со неутрална боја, а за да имате чувство на поголем простор додадете слика на ѕидот и други декорации во силна, интензивна боја.

Обидете се мебелот и декорациите да не бидат со комплицирани линии и детали. Колку се поедноставни, толку се подобри.

3-3

Исто така, внимавајте и на природната светлина. Таа игра доста важна улога во визуелната големина на домот. Прозорите не ги покривајте со темни завеси. Најдобро е тие да се бели и направени од лесен материјал. Можете да се одлучите и за опцијата прозори без завеси.

4-4

Сите соби, а особено дневната соба, не ги трупајте со големи теписони, прекривачи и перници. Одберете нешто што во исто време ќе биде стилско и ќе Ви овозможи топлина и пријатност во домот.

И за крај, испразнете го домот од непотрени и нефункционални предмети. Така домот ќе Ви изгледа помалку хаотичен.

 

Е.С.

 

photos/pinterest.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.