Книга на неделата: Празни улици

Празни улици

Автор: Михал Ајваз

Дејството почнува кога главниот лик случајно нагазува на шилец од еден дрвен предмет. Формата на чудниот предмет ја препознава на различни места во градот и таа го води во потрага по една млада девојка што неодамна исчезнала. Девојката има 22 години, но со својата краткоистрижена коса личи на тинејџерка. Нејзината тетоважа на стомакот е енигма за херојот на романот, кој мисли дека, ако го разгатне симболот од тетоважата, ќе може да ја открие и тајната на исчезнувањето. Книгата се претвора во магична детективска приказна, но и медитација за значењето на животот, исполнета со голем број потраги и мистериозни исчезнувања.

Романот „Празни улици“ изобилува со игра, напнатост, симболи, философија, поезија, описи на амбиенти и необични ликови, кои стапуваат во несекојдневни односи и ситуации.

Дали мистеријата ќе го доведе херојот до банално разочарување на неговите очекувања или навистина ќе открие некоја голема и длабока тајна?

За романот „Празни улици“ во 2005 година Михал Ајваз ја добива највисоката национална награда во Чешка, „Јарослав Сајферт“.

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745
*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online