Зимски „монохроматски“ изглед (галерија)

Доколку Ви здосади од комбинирањето на облеката, која боја на џемпер со која боја на панталони одговара, чевли или чанта, тогаш би требало да пробате да ја комбинирате облеката за да добиете монохроматски изглед.

Монохроматскиот изглед претставува комбинирање на неколку парчиња облека во сосема иста боја или во една боја со различна нијанса. На пример, можете на себе да имате темно сиви чевли, со малку посветло сив џемпер и светло сиви панталони или пак, едноставно, можете да облечете бели чевли, бели панталони и бел џемпер. Фустаните се најлесното парче за комбинирање, без многу размислување. Црната боја секако е најпопуларна за монохроматски изглед. Исто така, Ве советуваме, доколку одберете да носите една иста боја без различни нијанси, за да не имате здодевен изглед, можете да комбинирате парчиња облека од најразлични материјали.

 

Е.С.

 

photos/pinterest.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.