Предлог-книга: Нема што повеќе да се изгуби

Нема што повеќе да се изгуби

Автор: Наџван Дарвиш

„Нема што повеќе да се изгуби“ е книга што извира од родното место на авторот, градот – Ерусалим, или во еден поширок контекст тоа е Палестина. Оваа книга копка и разбранува, растажува, но и ја враќа надежта во свет на почитување и разбирање. Овие стихови на поетска врата ја враќаат исконската потреба на човековата душа од разум, мир, продлабоченост и рафинираност.

Наџван Дарвиш го нарекуваат еден од најважните арапски поети на сегашноста. Преведен на повеќе од 20 јазици, меѓу кои и на англиски, во една од најважните издавачки куќи во светот. Постојан гостин е на големите поетски фестивали, ширејќи ја својата поезија и добрата мисла. Ова издание ги донесува неговите стихови од најпреведуваната збирка на два јазика, на македонски и на англиски.

slika-2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.