Нутела „smoothie“

Овојпат Ви претставуваме и не- толку здраво smoothie, но да бидеме искрени, понекогаш ни недостасува вкусот на чоколадото. Во тие моменти удоволете си себеси.

2

Потребни состојки:

500 мл бадемово млеко

1 банана

2 кафени лажици какао

1 супена лажица Nutella

40 гр лешници

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и по желба декорирајте со шлаг и свежо овошје.

 

На здравје!

 

Е.С.

photo1/ pinterest.com, hungryhealthyhappy.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.