Домашен кремаст ликер со нутела

Доколку сте фан на чоколадните ликери, сигурни сме дека овој ќе Ви биде омилен. Најважно од сè е тоа што не мора да чекате неколку недели да отстои, туку почекајте минимум 2 дена и можете да го консумирате.

womansworld.com
womansworld.com

Потребни состојки:

1 шолја Нутела

1 ½ шолји кравјо млеко

¾ шолја хопла

¼ шолја шеќер

½ шолја водка

Начин на подготовка:

Сите состојки, освен водката се ставаат во длабок сад на оган. Се меша со дрвена лажица се додека не почне да врие. Потоа се трга од оган и се остава целосно да се олади.

Се додава водката и се промешува за да се соединат состојките.

Добиениот ликер се пресипува во шише и се става во фрижидер. Може да се конзумира по 2 дена.

Сервирајте во чаши за ликер и декорирајте со ливче свежо нане.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ anitalianinmykitchen.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.