Можни начини за обликување на машките веѓи

Прашањето за тоа како да се обликуваат веѓите е лесно да се одговори, но некои мажи едноставно немаат одговор. Тоа е така затоа што до триесетата година некои мажи и немаат потреба да го прават тоа. Но, по триесетата година од животот, насекаде на телото, па и на лицето се појавуваат несакани влакна кои треба да се отстранат.

Постојат неколку начини за обликување на веѓите, а Вие пронајдете го најкомфорниот.

 

Чупање со чупалица. Чупањето со чупалица претставува вадење на влакната од корен едно по едно. Добрата работа е тоа што по чупањето на кожата нема да Ви се гледаат црни точки од скратените влакна како што се гледаат при бричење. Чупањето е по малку болно, но со текот на секое наредно чупање болката се намалува. Но, чупањето на влакненцата е најсоодветно за постигнување на добар изглед на веѓите.

2

Депилирање со восок. Депилирањето е слично како и чупањето, со таа разлика што сè се случува одеднаш. Влакната не се вадат едно по едно, туку сите одеднаш. Секако тоа заштедува на време. Депилирањето е одличен избор кога треба да се отстрани поголем дел на влакна, како што е случај со споените веѓи. Со депилирањето ќе се ослободите од повторно средување на веѓите во наредните 3 до 5 недели, во зависност од типот на кожата и брзината на растењето на влакната.

dailymail.co.uk
dailymail.co.uk

Отстранување со конец. Овој начин на отстранување на влакната е најстар и го има истиот ефект како чупањето и депилирањето. Влакната се отстрануваат со помош на конец, споен на краевите и завртен неколку пати. Со негово движење се отстрануваат влакната. За разлика од чупањето и депилирањето кои можете сами да ги правите, за ова ќе Ви треба помош од друго лице, секако кое знае како тоа се прави.

eyelifts.us
eyelifts.us

Кратење со ножички/тример. Кратењето на влакната се прави со помош на мал чешел за веѓи со цел да ги исчешлате несредените веѓи и тример со кој ќе ги скратите подолгите влакна. Наместо тример можете да употребите и ножички за веѓи. Важно е да знаете дека овој начин нема да Ви ги обликува веѓите, но бидете сигурни дека ќе немате неколку забележливо подолги влакна од останатите, барем до наредниот месец.

Бричење. Овој начин не го ставаме како опција и не го препорачуваме, па токму затоа и го вбројуваме. Бричењето на веѓите е исто што и бричењето на брадата. Влакната ќе почнат да се познаваат уште наредниот ден. Со текот на времето влакната ќе станат погусти и подебели, а сигурни сме дека тоа не го сакате. Одберете си некој од горенаведените начини, кои доколку не можете да ги направите сами, обратете се кај стручно лице. Третманот е многу брз и евтин.

 

Е.С.

 

photo1/ carmencitta.me

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.