Рецепт: Розови палачинки

Розовите палачинки се одлични за изненадување на саканата личност:

coolmompicks.com
coolmompicks.com

Потребни состојки:

200 мл вода

50 мл млеко

25 мл масло

150 гр брашно

1 јајце

40 гр варено цвекло

1 кафена лажица екстракт од ванила

Прстофат сол

3

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Од добиената смеса направете ги палачинките една по една на не многу силен оган.

Овие палачинки најдобро одат во комбинација со џем или мед и свежо шумско овошје. Декорирајте ги со шлаг.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.