Интересни „сознанија“ за балсамот за усни

Ова се неколкуте „тајни“ кои можеби и не сте ги знаеле за балсамот за усни, а толку често го употребувате:

Не ги навлажнува усните. Најголемиот број на балсами за усни не ги навлажнуваат усните, туку делуваат како филм кој штити од губење на вланоста на самите усни. Восокот или вазелинот од кој се составени оформува бариера која не ја пропушта внатрешната вода, која вообичаено испарува, особено во суви, ветровити и студени денови. Всушност, заштитувањето на внатрешната вода од испарување е она кое нас нѝ дава чувство дека балсамот ги навлажнува усните.

Не се станува зависен. Можеби никаде не одите без својот балсам за усни, но потребата да го нанесете е чисто ментална. Од друга страна пак, честото нанесување на балсамот, кај некои лица може да предизвика и иритации, доколку се нетолерантни на одредени состојки, кои се изразуваат како пукање и лупење на кожата на усната. Тогаш самите Вие го барате смирувачкото дејство кое го овозможува балсамот. Ова може да биде причина зашто многу луѓе се чувствуваат зависни од балсамот. Всушност, истиот ефект можете да го постигнете и со нанесување само на обичен вазелин.

sophieeggleton.com
sophieeggleton.com

Вкусувањето на балсамот е ОК. Лижењето не усните и вкусувањето на балсамот е ОК, сè додека е во мали количини. Состојките кои се содржани во него, како: какао путер, пчелин восок, салицилна киселина, ланолин, фенол и шеа путер, не можете да ги најдете во Вашите омилени кулинарски рецепти, па токму затоа и не е добро да се консумираат. До сега не постои никакво наштетување на организмот од вкусувањето на балсамот за усни, но овие состојки не се наменети за јадење.

Има повеќенаменска употреба. Балсамот освен што можете да го нанесувате на усните, можете да го нанесете и на кутикулите за нивно омекнување, на горниот дел на кожата на дланката за да Ве заштити од студот и нејзино сушење и пукање или пак, околу носот, додека сте настинати и постојано го триете со хартиеното марамче, па тој почнува да се лупи. Можете да го нанесете на непослушните веѓи за секое влакно да си дојде на свое место или пак, можете да го нанесете на патентот кој се кочи при закопчување. Внимавајте само да имате различни пакувања на балсами за различна употреба.

 

Е.С.

 

photo1/ mintmag.ie

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.