Темните кругови околу очи и вечерните навики

Убавината најчесто се претставува преку лицето, односно кожата на лицето, па кога сме уморни и не водиме доволна нега и грижа, тоа станува безживотно, суво и без сјај, а околу очите се појавуваат темни кругови.

За нивната појава честопати самите сме  виновни правејќи ги следниве активности, особено навечер пред спиење:

bowgie.com
bowgie.com

Пиете повеќе од една чаша алкохол. Една чашка алкохол обично не му штети на организмот, но доколку се две или повеќе, тоа секако влијае врз сонот. Затоа, чашката алкохол испијте ја во текот на вечерата, за да има време организмот да ја преработи пред да си легнете да спиете.

Јадете блага и лута храна. Бројни истражувања покажуваат дека ваквата храна влијае врз сонот, а кога не сте доволно наспани, темните кругови околу очите значително се забележуваат.

Не пиете доволно вода. Оние 8 препорачливи чаши вода кои треба да ги испиете во текот на денот, треба да бидат распределени во текот на цел ден, а не навечер пред спиење. Водата значително влијае врз изгледот на кожата.

Немате рутина на спиење. Секако дека во денешно време не е лесно да поставите рутина на спиење, односно легнување и станување секој ден во исто време, но трудете се да се држите до неа колку што е можно повеќе. Надополнувањето на спиењето во текот на викендот нема да го поправи изгубениот сон кој му е потребен на Вашиот мозок за правилно функционирање.

champthink.com
champthink.com

Го одложувате алармот. Со одложувањето на алармот само го прекинувате започнатиот нов циклус на спиење, кој се случува на секои 5 минути. Токму поради тоа, големи се шансите да се чувствувате уште поуморни, а тоа секако ќе се види на Вашето лице.

Спиете во топла соба со затворена врата. Секако дека не Ви препорачуваме да спиете и во премногу студена просторија, но топлата соба со затворена врата, без струење на воздухот не е решение. Собата треба да има околу 18° Целзиусови.

Жежок туш пред спиење. Кога телото се подготвува за спиење, телесната температура се намалува. Жешкиот туш само ќе ја зголеми телесната температура, а Вие не ќе можете да заспиете додека повторно не се оладите. Туширајте се со млака вода или пак, доколку сакате да уживате во жешкиот туш, тоа направете го барем 2 часа пред спиење.

newscientist.com
newscientist.com

Користење на смартфонот. Сината и белата светлина кои се емитираат преку ваквиот уред го спречува мозокот во ослободување на мелатонин, хормон кој го припрема телото за спиење.

 

Е.С.

 

photo1/ shape.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.