Еднодневно чистење на организмот со лимон

Еднодневното чистење на организмот се основа на внесување на продукти, кои по природен пат ќе го исчистат телото од токсини. Лимоновата диета се темели на зголемена употреба на лимонов сок, но и на друго овошје и зеленчук , јаткасти плодови и семки.

Како да ја припремите лимонадата?

Во една чаша со вода ставете го сокот од 1 лимон, многу малку феферонка или чили во прав и цимет по желба. Лутата пиперка ќе поттикне природно загревање на телото со што ќе го забрза процесот на чистење на токсините, а циметот постигнува рамнотежа на шеќерот во крвта.

7:30 – пробајте да станете рано наутро и испијте ја првата чаша лимонада. Не ја пијте ладна, бидејќи тоа ќе го шокира организмот и може да предизвика надуеност. Пијте ја на собна температура.

Појадок:

  • 20 плодови шумско овошје (по 5 од боровница, рибизла, јагода, малина)
  • 1 јаболко
  • 1 круша
  • Јогурт
  • Една рака бадеми

SLIKA-VO-TEKST

Меѓуоброк:

  • Испијте ја втората чаша лимонада
  • 1 банана
  • Една рака семки од сончоглед

Ручек:

  • Припремете било каков мешункаст зеленчук. Згответе го и додадете му лимонов сок и малку маслиново масло. Количината на порцијата не е ограничена, но важно е да не претерате.

Меѓуоброк:

  • Испијте ја третата чаша лимонада
  • 1 краставица или марула
  • Една рака лешници или било какво сушено овошје

Вечера:

  • 1 риба на жар во комбинација со било каков зеленчук.

Важно е рибата да не е зачинета. Доколку не јадете риба, сојата или авокадото се нејзина одлична замена.

Два часа пред спиење:

  • Испијте ја четвртата чаша лимонада
  • Направете си топла купка со етерично масло за опуштање.
  • Најважно е во текот на целиот ден да внесувате вода во организмот.

Оваа диета не смеете да ја повторувате повеќе од 1 ден во неделата.

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во тектстовите поврзани со со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со лекар.