НОВИ производи од Галафарм

ХЕДГАЛ® РОЛ-ОН за главоболка, при стрес и напнатост, усовршено пакување и формулација на веќе постоечкиот Хедгал стик, со ментол и масло од нане. 

-Моќен природен производ

-Без несакани последици за разлика од таблетите за главоболка

-Може да се аплицира почесто по потреба

-Практичен и лесен за употреба и носење

hedgal

КАКО ДЕЛУВА ХЕДГАЛ®?

Ментолот ги стимулира терморецепторите на површината на кожата. Бројот на рецептори за ладно е неколку пати поголем отколку за топло, па оттаму и чувството на ладење преовладува, без да се промени температурата на кожата. Притоа чувството на ладење преовладува и над чувството за болка.

Ментолот предизвикува дилатација на крвните садови зголемувајќи го протокот на крв. Со поголемиот доток на крв кон местото каде се јавува болката,овозможено е подобра снабденост со кислород и хранливи материи, што помага во процесот на олеснување на болката.

По нанесување ќе почувствувате ладење и пецкање, проследено со со чувство на олеснување на напнатоста, болката и релаксација на мускулите на челото. Нанесете со нежна масажа на челото и тилот.

ХЕРПЕГАЛ рол-он за ублажување на симтомите предизвикани од херпес (herpes simplex), со екстракти од прополис, алое вера и камилица, потполно природни компоненти кои не ја иритираат кожата и се познати по своите антивирални,антисептични, регенеративни и против воспалителни особини.
***Ги ублажува непријатните симптоми предизвикани од Herpes simplex вирусни инфекции на кожата и слузокожата. Стимулира регенерација на кожата и помага при заздравување на раните.

Го ублажува црвенилото на аглите од усните, ги омекнува, хидратира сувите и испукани усни предизвикани од херпес (Herpes simplex).

HERPEGAL

www.galafarm.com.mk

Facebook/Galafarm