Книга на неделата: Минатото

„Минатото“

Автор: Алан Паулс

Дали една љубов што траела долго време може некогаш да стане минато и колку иднината на тие луѓе може да се развива независно од нивното минато? Римини и Софија 12 години биле во врска што изгледала нераскинливо, но на крајот завршила. Сепак, минатото нè поврзува многу повеќе од тоа што сме свесни. Токму кога Римини помислува дека го открива прекрасниот свет на слободата и на новите желби, ќе најде нова љубов и ќе основа семејство. А тогаш во неговиот живот директно од времето за кое мислел дека е завршено се враќа Софија. Секоја нова средба на двајцата главни протагонисти е изненадување сама по себе: љубовта од минатото добива нова форма во сегашноста. Дали Софија е жена полна љубов, пријател што сака да ја спаси својата најдрага личност или сè што прави прави со намера да се одмазди за разделбата, бидејќи не може да ги контролира страстите? Одговорот на ова прашање авторот вешто го одложува до целосно непредвидливиот крај.

Авторот истакнува дека Марсел Пруст и стенд-ап комичарот Џери Сајнфелд извршиле најголемо влијание врз неговата книга. „Минатото“ е најуспешниот роман на еден од најдобрите латиноамерикански писатели на својата генерација, за кој тој ја добива наградата „Ералде“ во 2003 година. Според книгата е снимен и филм во режија на Ектор Бабенко.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.