Благи тирамису сендвичи

За овие совршени тирамису сендвичи ќе Ви биде потребно околу половина час, а потоа можете да уживате во вкусното задоволство со Вашите најмили.

cookinglsl.com
cookinglsl.com

Потребни состојки:

4 јајца

110 гр шеќер

225 гр брашно

75 гр растопен путер

За фил:

150 гр загреан мед

40 мл еспресо

200 гр маскарпоне

100 мл слатка павлака

40 гр шеќер за глазура

1 кафена лажица екстракт од ванила

pinterest.com
pinterest.com

Начин на подготовка:

Во длабок сад со миксер се матат јајцата, шеќерот, брашното и путерот. Потоа, тавчето за печење се прекрива со хартија за печење и врз неа се става од смесата со лажица во форма на кругови. Се пече 15 минути на 180°.

Во меѓувремесе подготвува филот. Во длабок сад добро се промешуваат медот и еспресото. Садот се остава на страна.

Во друг длабок сад со миксер се матат останатите состојки за филот. Добиената смеса се става во шприц за шлаг.

Печеното тесто се прелева со медот и еспресото, а потоа се шприца филот. Повторно се нанесува мед и еспресо. Со друго печено тесто се преклопува и на тој начин се добиваат сендвичите.

Врз секој сендвич можете да нанесете малку мед и какао во прав.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ harryandlexy.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.