„Smoothie“ од мандарина, куркума и морков
Дозволете си освежувачко и задоволувачко чувство во утрата со ова smoothie.

Потребни состојки:
1 шолја бадемово млеко
½ шолја грчки јогурт
2 мандарини
2 моркова
1 кафена лажица куркума
2 кафени лажици агава сируп
4 коцки мраз

Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со мандарина.
На здравје!
Е.С.
photo1/ blissfulbasil.com
*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.
*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.