Начин на употреба на ракавиците за пилинг

Со помош на пилингот се отстранува сувата кожа, а со тоа се овозможува превенција на затворање на порите и појава на акни и мозолчиња. Ваквите ракавици можете да ги употребувате со или без помош на крема за пилинг, на секој дел од телото.

livestrong.com
livestrong.com

Одберете ракавици кои совршено ќе одговараат на големината на Вашите дланки. Пред да ги купите, Ве советуваме да ги пробате. Внимавајте да не одберете ракавици кои се премногу крути и кои можат да ѝ наштетат на кожата.

Пред да ги употребите, ракавиците натопете ги со млака вода, исто како и Вашето тело. На ракавиците или на телото нанесете гел за туширање или пак, некоја крема за пилинг.

livestrong.com
livestrong.com

Масирајте ја кожата со мали, нежни кружни движења.

Ракавиците не ги употребувајте на нежни и осетливи делови на кожата, како што е пределот околу очите. Доколку забележите црвенило на кожата, печење или болка, престанете со пилингот, исплакнете ја кожата со вода и оставете да се опорави.

Слика 4: https://www.livestrong.com

При пилингот, често плакнете ги ракавиците со цел да ја отстраните насобраната мртва кожа на нив. Доколку е потребно, почесто нанесувајте и гел или крема.

Треба да знаете дека пилингот ја суши и иритира кожата. Токму затоа, после секој пилинг нанесувајте хидратантна крема на кожата.

По секоја употреба исперете ги ракавиците и оставете ги да се сушат.

Гала совет: Пилинг на телото можете да правите само еднаш или два пати во текот на неделата. Премногу честиот пилинг може значајно да ја иритира кожата и да доведе до зголемена појава на акни.

 

Е.С.

 

photo1/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.