Книга „Замор на материјалот“

Замор на материјалот

Автор: Марек Шинделка

Романот го опишува патот до Европа на двајца браќа од неименувана земја зафатена со војна. Нивните патишта наеднаш се разделуваат и секој продолжува на своја рака, без мапа, без врски, без контакти. Го следиме сложениот и болен пат кон север и истовремено со тоа во книгата читаме за Европа видена однадвор. Европа, која потсетува на голема машина што работи. Единственото што стои наспроти таа машина е ранливото човечко тело. Тело на искоренет човек сведен на проблем, на статистички податок, на материјал.

Книгата е фасцинантен, емпатичен гест во кој Европа се трансформира од сон за рајот во нехумано, анархично место. Гест што ни се спротивставува среде нашата удобност.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.