Галерија: Цветни фармерки

Цветните мотиви се најпопуларните модни дезени кои се носат во текот на пролетта и летото. И оваа 2018 година ќе бидат актуелни, но овој пат акцентот ќе биде ставен на фармерките.

Со помош на цветните фармерки и обичниот секојдневен стајлинг ќе изгледа посебно и забавно. Одлично можат да се вклопат и со патики и со чевли со или без високи потпетици. Внимавајте само блузата која ќе ја комбинирате со нив да не биде шарена. Најдобро е да одберете едноставна еднобојна блуза.

Овој тренд е

премногу добар за да биде игнориран, па затоа разгледајте ја галеријата и веднаш на купување. Некои модели можете и сами рачно да ги изработите доколку знаете да везете.

 

Е.С.

Photos/pinterest.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.