Комбинации на долго сако без ракави-галерија

Долгото сако без ракави е малку покомплицирано парче облека за комбинирање, особено ако сакате да го носите во зима. Тоа е доволно топло да Ве загрее како капут, но проблем се рацете кои Ви се изложени на студот.

Во зимскиот период најдобро е да го носите врз топол џемпер и секако, не го носете кога температурата е падната под нулата.

Всушност, ваквото сако најдобро е да го носите во пролетниот и есенскиот период.

Најдобро е да го комбинирате со облека која Ви ја истакнува силуетата. На нозете можете да носите чевли со или без високи потпетици, високи или кратки чизмички.

Е.С.

 

Photos/pinterest.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.