Сива коса – дали би го пробале овој тренд?

Доколку сте личност која ги прати модните трендови, тогаш сигурно сте испробале некои од овие техники: омбре, сомбре, балајаж… и знаете колку тие можат да бидат сложени. Сивата варијанта од овие техники е уште посложена.

SLIKA-TEKST

Сивата боја, како подлога бара многу светла подлога, а тоа не ги вклучува жолтите и златни тонови. Тоа значи дека понекогаш, подлогата мора и по два пати да се осветлува.

Секако, треба да имате на ум дека двојното осветлување на косата носи и двојно нејзино оштетување. Меѓутоа, ова не значи дека треба да го прескокнете овој тренд. Најпрво, одредете дали Вашата коса може да го поднесе овој третман, според квалитетот и структурата на влакното. Исто така, од големо значење е користењето квалитетни препарати за заштита на косата.

Доколку не сакате да посетите фризерски салон, туку сакате дома сами да си ја офарбате косата, имајте на ум дека големи се шансите да го уништите квалитетот на косата и лесно можете да добиете „гумирани“ прамени кои веќе нема да можат да се нарекуваат коса.

После ваков третман, негувањето со шампон, кондиционер и маска е неопходно за да се зачува сјајот на косата и самиот сив тон.

 

Е.С.

насловна: buzzfeed.com