Пилинг со додаток на шеќер во шампонот

Веќе сте запознаени со пилинг на лицето и телото, но дали сте слушнале за пилинг на главата?

За пилинг на главата постојат специјални производи кои чинат многу пари. Ние Ви нудиме многу поевтино решение.

2
juicybeautyword.com

Во вообичаената количина шампон додадете 1 супена лажица шеќер, измешајте и нанесете на кожата на главата. Нежно масирајте го темето. Потоа исплакнете и нанесете балсам.

Со овој пилинг ќе ги отстраните мртвите клетки на главата и сета нечистотија која се собрала, а косата ќе Ви стане мека и нежна.

Овој пилинг се препорачува да го правите еднаш во три недели, бидејќи во спротивно може да се изгуби рамнотежата на природните масти на темето или пак, да ја оштетите кожата на главата.

gentlemansgazette.com
gentlemansgazette.com

 

Е.С.

 

photo1/ thesun.co.uk

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.