Лансирање на платформата Sozdadi.com

Sozdadi.com е прва општествено одговорна регионална платформа за поддршка на претприемништвото, со седиште во Република Македонија. Преку продажба и промоција на ракотворби и домашни производи, ваквата платформа има за цел да ги интегрира знаењето и креативноста како основен човечки ресурс и потенцијал и воеднo претставува инспирација за започнување на свој сопствен бизнис.

Создади: „Нашата креативна платформа е ориентирана кон заедницата, во неа секој продавач добива безбеден простор, во кој ќе креира своја сопствена онлајн продавница и преку неа ќе го развива своето хоби или домашен производ.

На Sozdadi.com купувач може да најде уникатни ракотворби изработени со многу љубов, директна конекција со продавачите, како и регионални домашни производи.

Иновативноста се состои во тоа што производителите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис преку евтин, а ефективен маркетинг и преку поддржување креативни проекти во рамки на платформата.

Она што оваа платформа ја издвојува од останатите е тоа што ќе се продаваат единствено производи од домашно производство и рачно изработени уникатни производи, со акцент на оние рачни изработки чиј профит се пренаменува во хуманитарни цели, како и рачни изработки од страна на маргинализирани групи на граѓани. 20% од месечните приходи на Sozdadi.com се одделуваат за промоција и продажба на производи изработени од лица со попреченост и производи наменети за хуманитарни цели, па оттаму со купување и продавање на производи од Sozdadi.com помагаме на лицата со попреченост и хуманитарни организации, и стануваме нивни амбасадори во општествената борба за инклузија на пазарот на труд“.

Посетете ги веднаш

Текст и слика превземени од

www.sozdadi.com