Книга на неделата: „Инспирирај се за промени“

Инспирирај се за промени

Автор: Мила Виклео

„Секој има своја приказна. Секој има свој пат, со свои предизвици, со угорнини и падови. И мојата е таква, не е права монотона линија. Во животот поминав многу предизвици. Ако ми кажеш дека нешто те боли, те разбирам, ме болеше и мене, многу. Ако ми кажеш дека те отфрлија, те разбирам и знам како ти било. Ако ми кажеш те повредија, те навредија, пак ќе те разберам, и тоа им го дозволив. Ако ми кажеш дека некого изгуби, знам како ти е, и јас изгубив.

Знам што е болка, знам што е тага, знам што е отфрленост. Но знам и што е храброст,  упорност и борба за подобро јас од тоа што бев вчера. Никогаш не се откажав, се борев на начин на кој знаев. И секогаш во сè давав 100 %“, вели авторката на оваа книга.

Книга што ќе направи магични промени во вашиот живот…

Книга што ќе ви помогне да го откриете вашето скриено богатство, кое лежи во вас и чека на вас…

Уживајте во магичните приказни и поуки со Мила Виклео за подобар и посреќен живот.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745
www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.