Ако престанеме да се лакираме…

300-158-1

 

Честото лакирање на ноктите и користењето на различни препарати може да доведе до влошување на нивната состојба. Затоа Ви препорачуваме извесно време да заборавите на лаковите за нокти, поради следниве 7 причини:

 

  • Ноктите ќе станат поздрави: Колку и да се полни со хемикалии, лаковите сами по себе се безбедни. Но, тоа не е и случај со ацетоните. Тие содржат висока концентрација на раствор и поради тоа, со нивна константна употреба, кожата и ноктите се сушат, се истенчуваат и стануваат полесно кршливи.
  • Ќе им се врати сопствениот сјај: Како што кафето и цигарите ги пожолтуваат забите, така и честата употреба на лакови и ацетони ги пожолтуваат ноктите.

300-158-2

 

  • Ќе бидат помазни: Структурата на ноктите е изградена од кератин. Со триењето на ноктот додека го бришете лакот, го отстранувате и површинскиот заштитен слој. Така се создаваат бели дамки и нерамнини. Доколку не употребувате лак подолго време, на ноктите ќе им дадете можност да се обноват, а со тоа и да бидат мазни.
  • Ризикот од развивање на некоја болест на ноктите значително ќе се намали: Честото посетување на козметички салони претставува фактор кој го зголемува ризикот од развивање на вирусни и габични инфекции по ноктите. Не заборавајте дека едни исти инструменти и четки се користат повеќекратно, без разлика на дезинфекцијата (доколку ја вршат).
  • Почеста хидратација: Со долготрајната употреба на лак и ацетон, ноктите не само што изгубиле од сјајот, туку и од влагата. Затоа, доволно е да ги третирате кутикулите со етерични масла и балзами.
  • Ќе научите да си ги сакате нелакираните нокти: Што има поубаво од тоа, да си ги гледате ноктите уредни, чисти и сјајни. Со текот на времето, ќе видите како ќе се заљубите во нивниот неповторлив и природен сјај.

ЗАКЛУЧОК: Ќе заштедите пари: Со пореткото лакирање и маникирање на ноктите,  Вие ќе заштедите пари, со кои подоцна пак, ќе можете да купите нешто многу покорисно.

 

Е.С.