Домашен спортски пијалак со 6 состојки

Со овие едноставни 6 состојки можете да си подготвите спортски пијалак многу сличен на оној кој се продава во маркетите, со единствена разлика што овој пијалак ќе биде од природни состојки. Всушност, овој пијалак е и многу поевтин од оној кој ќе го купите.

1-1

Потребни состојки:

2 шолји вода

2 шолји кокосова вода

½ шолја свежо цеден сок од портокал/лимон

½ кафена лажица калциум и магнезиум во прав

¼ кафена лажица морска сол

1 супена лажица мед

4 коцки мраз

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте се додека солта не се растопи.

Содржината сипете ја во шише или термос и подготвено е за консумирање додека спортувате.

На здравје!

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.