Американски палачинки со овошен јогурт

Со овој рецепт можете да подготвите 6 вкусни амерички палачинки. Доколку сакате повеќе, удвојте ја дозата.

pinterest.com
pinterest.com

Потребни состојки:

1 јајце

150 гр овошен јогурт од кајсија (може и друг вкус)

1 супена лажица растопен путер

½ прашок за пециво

½ шолја брашно

Начин на подготовка:

Белката од јајцето се мати во шлаг и се остава на страна. Останатите состојки се ставаат во длабок сад и се матат со миксер додека смесата не се соедини. Во истата смеса се додава шлагот и се промешува со дрвена лажица.

Со подлабока лажица се сипува од смесата во тавче и се пече од едната страна додека не се појават меурчиња, а потоа се превртува и од другата страна и се пече уште половина минута.

Готовите палачинки можете да ги прелиете со мед или прелив и да им додадете свежо овошје.

На здравје!

 

Е.С.

photo1/ taste.com.au

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.